(ВИДЕО) По Дачиќ запеа и Милорад Додик
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик овој викенд пееше на свадба кај помошник министерот за финансии во Владата на Република Српска, Далибор Томаш.
Додик на младенците Далибор и Горица им го честиташе склучувањето на бракот и притоа испеа неколку песни.
Ова не е прв пример на политичар кој пее. И српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ досега пееше во повеќе наврати и тоа на српски, грчки, италијански, турски јазик. Тој изјави дека и во иднина ќе продолжи да пее ако тоа се бара од него.
Слично
