Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пешевски: Актуелната политичка криза не може да биде позитивна

(ВИДЕО) Пешевски: Актуелната политичка криза не може да биде позитивна

За време на пратеничките прашања на денешната собраниска седница, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски изјави дека моменталната политичка криза не може да биде позитивна и добра за економијата во земјата, ефектите од неа ќе бидат краткорочни и долгорочни.

Краткорочните не беа толку драматични, но, долгото траење и големото експонирање на Македонија во негативен контекст и кај домашните и кај странските инвеститори неминовно ќе донесе долгорочни негативни ефекти, посочи Пешевски.

– Ова што го прави опозицијата, дури и утре да се надмине и да се најде целосно решение, негативните ефекти ќе се одразуваат со години. Веќе почнуваме кај определени инвеститори од странство да гледаме сигнали за одложување на своите инвестициони одлуки за Македонија. Оние кои што донеле одлука за почеток на градба сакаат да почекаат еден-два месеци. Тоа се само компании кои што веќе имале доверба во Македонија кои донеле одлука да инвестираат во Македонија но сега гледајќи што се случува ги преиспитуваат своите ставови. Но уште поголема е штетата со компаниите со кои што сме во фаза на преговори. Списокот со компании со кои сме во напредна фаза на разговори е над сто и голем дел од нив очекувавме да донесат позитивна одлука…Сето тоа е загрозено и успорено, вели Пешевски на пратеничко прашање од Ѓорге Коџобашија.

Тој вели дека со она што го прави опозицијата нанесува ненадоместлива штета која ќе продолжи да ја трпи Македонија со години бидејќи, вели враќањето на довербата е долг и макотрпен процес, а ефектите ќе бидат негативни, пред се за нејзините граѓани.

– Опозицијата мора да биде свесна дека со ова свое однесување, со создавање немир кај народот и бизнис заедницата и прави ненадоместлива штета на државата и дека ефектите ќе бидат негативни пред се за нејзините граѓани, во успорувањето на отворање нови работни места, во успорува на растот на економијата за којшто пред кризата речиси сите светски финансиски институции се согласија дека ќе биде најголем во Европа. Сето тоа може да не врати сериозно назад и најголемата цена ќе ја плати македонскиот народ преку намалени плати, успорување на вработувањата и поспориот раст на животниот стандард, рече Пешевски.

Слично

Поврзани вести