Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пена беснее и носи се пред себе, четири жртви, едно исчезнато лице!

(ВИДЕО) Пена беснее и носи се пред себе, четири жртви, едно исчезнато лице!
Невидена глетка им донесе вчера реката Пена на тетовчани. На социјалните мрежи е преполно со видеа од вчерашното невреме кое однесе четири жртви, меѓу кои три деца, еден возрасен човек, додека едно лице се води како исчезнато. Од поројните дождови кои врнеа непрекинато неколку часа, реката Пена се излеа од коритото и почна да тече низ улиците носејќи се пред себе. Патниот правец Тетово–Попова Шапка е расчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правца, соопшти АМСМ, поради излевање на реката во село Доброште, а сеуште во прекин е регионалниот пат Тетово – Јажинце и обратно. Х.Ф. (83) и А.М. (14) од Шипковица, А.И. (7) од Тетово и Р.А. (15) од Шипковица се четирите жртви од вчерашното силно невреме во Тетовско, потврди утрово Секторот за внатрешни работи. Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, телата на починатите се пронајдени, а како исчезнато се води шестгодишно девојче од Шипковица. - Повредени се засега 11 лица, најмногу од Шипковица, Селце Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив се уште се на болничко лекување, а дел се пуштени дома, рече Јосифовски. Во Тетово се оштетени четири возила од паѓање гранки, дрва, предмети,… Се уште се пријавуваат штети на куќи и објекти однесени од свлечишта. Како што информира полицијата, и Вратничкиот мост меѓугорно Орашје и Нераште е однесен.
Posted by Albert Ziberi on понеделник, 3 август 2015   [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/sybW9sGftwE[/embed]
Слично

Поврзани вести