Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПАДНАА „ТЕШКИ“ ЗБОРОВИ: Ана Брнабиќ ја нарече опозицијата терористичка група

(ВИДЕО) ПАДНАА „ТЕШКИ“ ЗБОРОВИ:  Ана Брнабиќ ја нарече опозицијата терористичка група

Српскиот парламент продолжи со работа, а претседателката Ана Брнабиќ ја нарече опозицијата терористичка група. 

Таа додаде дека пратеничките Јамина Каранац и Јасмина Обрадовиќ, колегите ги погодиле со чадни бомби и тие се тешко повредени, а Соња Илиќ, пратеничка во осмиот месец од бременоста, ја испрскале со солзавец.

Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека повредената претставничка на владејачката коалиција, Јасмина Обрадовиќ, е во „многу тешка состојба“, а лекарите не можат да постават целосна дијагноза поради висок крвен притисок по мозочен удар предизвикан од шок.

Претставниците на владејачката коалиција ја обвинија опозицијата за обид за убиство, а некои од нив ги нарекоа „говеда“, „уличари“, „комунисти“, „ѓубриња“. 

Откако на 1 ноември лани, во Нови Сад се урна натстрешница на железничка станица и загинаа 14 луѓе, имаше многу протести во Србија. И германските медиуми ја пренесоа веста за хаосот во српското Собрание. 

Слично

Поврзани вести