ВИДЕО: ПАДНА ТАВАН ВО КОСМОС ВО СОЛУН: Паника меѓу присутните, повредена една жена
Во трговскиот центар „Космос“ во Солун вчера попладне се случил сериозен инцидент, откако се урнал дел од таванот на ресторан и објект за брза храна лоцирани на првиот кат, додека внатре престојувале поголем број посетители.
Според првичните информации од грчките медиуми, уривањето предизвикало паника меѓу присутните, а на местото веднаш интервенирале екипи на итната медицинска помош и противпожарната служба.
Во несреќата е повредена 45-годишна жена, која се здобила со повреди на главата и вратниот предел. Таа била свесна во моментот на извлекувањето и со возило на брза помош е пренесена во болницата „Папаниколау“ во Солун, каде ѝ е укажана лекарска помош.
Причините за уривањето на таванот засега не се познати, а надлежните служби спроведуваат истрага за утврдување на околностите под кои дошло до инцидентот. Дел од објектот бил привремено затворен од безбедносни причини.
