(ВИДЕО) Падна и се запали авион во Истанбул
Две писти се затворени на главниот аеродром во Истанбул откако приватен авион паднал и се запалил.
Пилотот загинал, а три лица се повредени откако авион се урнал на аеродромот Ататурк во Истанбул, објавија турските медиуми.
Луксузниот авион требало да лета од Истанбул за Кипар, но набргу по полетување пријавил проблеми и се урнал при обидот за слетување.
Пожарникарите пристигнале и брзо го изгаснале огнот.
Слично
