(ВИДЕО) Падна и првосомничениот од акцијата „Чекан“
Вчера во во Гостивар од страна на припадници на специјалните полициски единици беше приведен Ф.А. (49), првоосомничен во полициската акција “Чекан“ реализирана пред околу два месеци, информираат од МВР.
Врз основа на претходно добиени оперативни сознанија изминатиов период МВР направи дополнителни проверки и го лоцираше осомничениот, и беше изготвен план за негово приведување кој што беше реализиран утринава.
„Заради сомненијата дека станува збор за опасно лице биле ангажирани поголем број полициски службеници кои влегоа во објектот и без поголеми проблеми или ризик по нивните животи или животот на осомничениот, истиот беше обезбеден и спроведен во Истражниот затвор “Скопје“, велат од МВР.
Во акцијата пронајдени од лицето Ф. А. одземени се околу 2.115 евра, 400 долари, околу 10 швајцарски франци, 12.140 денари, 1 пиштол, 7 куршуми, 2 мобилни телефони повеќе СИМ картички и 1 актовка со повеќе документи која е запечатена и истата дополнително ќе се проверува
По него се трагаше околу два месеци, откако Ф.А. успеа да избега непосредно по спроведувањето на последната фаза од акцијата “Чекан“, по што по него се трагаше и со потерница издадена од надлежниот суд.
Инаку како што МВР претходно информираше во акцијата “Чекан“ насочена за сузбивање на организирана криминална група која ги вршела кривичните дела - “злосторничко здружување“, “изнуда“, “лихварство“ и “перење пари и други приноси од казниво дело“, а дејствувала на подрачјето на западна Македонија. кривични пријави беа поднесени против 19 лица од кои 18 од Гостивар и едно лице од Скопје, меѓу кои првоосмничен и организатор на групата е токму Ф.А. Меѓу осомничени беа и четири адвокати и еден извршител, а кривична пријава беше поднесена и против правно лице чии што сопственик и управител била сопругата на Ф.А.
