Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПАД И УСПОН НА ДИНАСТИЈАТА ТОДОРИЌ: Од трошна куќа во селце до раскошен луксуз во дворец

(ВИДЕО) ПАД И УСПОН НА ДИНАСТИЈАТА ТОДОРИЌ: Од трошна куќа во селце до раскошен луксуз во дворец

Успонот и падот на династијата Тодориќ оваа недела е една од главните теми во Хрватска. Тодориќ семејството потекнува од селце во Далматинска Загора, а таткото на Ивица Тодориќ, Анте, е роден во скромна куќа, која е чиста спротивност на денешната резидениција на неговиот син.

Симболи на моќ на династијата Тодориќ

Во Божјаковина покрај Дуго село, Ивица Тодориќ го издигнал Агрокор, а бизнисот му процветал за време на владењето на првиот хравстки претседател Фрањо Туѓман.

Симболот на моќ на Агрокор, кулата Цибона, Тодориќ ја купил во 2000 година, а и после Туѓман продолжил да гради добри односи со сите власти кои дошле после него. Јавна тајна е дека за Ивица Тодориќ се пишувале посебни закони и дека државата му ги подготвувала на безброј начини, ставајќи го така во повластена полжба во однос на останатите претприемачи.

Јахта, хеликоптер, приватен остров

Со парите од Агрокор е купена трикатна јахта која ја нарекол Јана, но и хеликоптер со која „Газдата“ ги обиколувал сите погони ширум Хрватска. Сега и јахтата и хеликоптерот се достапни за продажба како би се исплатиле големите долгови на Агрокор. Трошеле на луксуз и летувања, се на сметка на Агрокор.Со купување на фирмата Графопласт добиле концесија над островот Смоквица, за која исто така останале должни милионски суми.

Изгледа дека времињата на таквиот живот е конечно зад династијата Тородиќ, која сега се соочува со казнен прогон поради криминалот во Агрокор. Ивица Тодориќ минатата недела доби истражен затвор, а кога ќе се врати во Хрватска, полицијата ќе го приведе во затвор во Реметинец.

Падот и успонот на Тодориќ погледнете ги во видеото кое го изготивило порталот Индекс.хр.



Слично

Поврзани вести