(ВИДЕО) Оваа снимка покажува како се разгорел грчкиот пожар кој однесе стотина животи
Се појави снимка што покажува како избил пожарот на 23 јули во областа Даоу Пентелис во Грција.
Снимката во моментов ја анализираат експерти, а ја објави грчкиот весник „Катимерини“.
Се смета дека за пожарот е одговорен локален жител, кој случајно ја предизвикал оваа трагедија.
Официјалните лица се сомневаат дека човекот сакал да ја запали сувата трева на неговиот имот. На снимката, првиот пламен може да се забележи околу 16 часот и 41 минута.
Пожарот набрзо излегол од контрола, а поради силните ветришта се насочил кон исток. Наскоро тој стигнал до населбата Неос Вуцас, а потоа и до Мати.
Во овој страшен пожар загинаа стотина луѓе.
Слично
