(ВИДЕО) Ова не се гледа секој ден: Руски мигови на српско небо!
Со настапот на руската аеро група „Стрижи“ завршена е и воената парада во српската престолнина по повод Денот на ослободувањето на Белград во Втората светска војна на кој присуствуваше целиот државен врв како и претседателот на Русија Владимир Путин.
Да потсетиме, неодамна Сергеј Осјајкин, водачот на групата на руското воено воздухопловство „Стрижи“, рекол дека на руските пилоти им е голема чест што присуствуваат на парадата по повод 70 години од ослободувањето на Белград од фашизмот бидејќи станува збор за голема заедничка победа на југословенската војска и Црвената армија.
„За нас е голема чест што учествуваме во одбележувањето на овој празник, оддаваме почит и благодарност на тие луѓе кои ги дадоа своите животи за наша слобода“, рекол Осјајкин.
