Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН  БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

Еве да видиме колкав е тој раст. Во Буџетот за 2026 година, има предвидени 375 милијарди денари приходи. Ако годинава ја завршувате на 310 милијарди, ви недостигаат 64 милијарди следната година, вели во емисијата „Бизнис 21“ пратеникот од СДСМ и поранешен вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи. 

Според него, предлог буџетот за идната година е нереален и личи на предизборен буџет.

„Еве нека биде растот 5%. Тоа на 310 милијарди приходи ќе бидат дополнителни 15 милијарди, ќе недостигнаат уште 55 милијарди. Каде е аргументот, од каде на приходната страна, на планираните ќе се обезбедат 55 милијарди. Да не зборувам за расходната страна, која е над 417 милијарди денари. Ова е нереален планиран буџет, дури ми изгледа и на предизборен буџет“, рече Битиќи.


Слично

Поврзани вести