(ВИДЕО) Ова е најубаво приморско место во Европа: Победи во конкуренција на 200 дестинации
Цавтат, мало место на само 15 километри од градот Дубровник, е прогласено за најубаво приморско место во Европа за 2026 година, објави магазинот „Форбс“.
Според организацијата „European Best Destinations“, Цавтат ја освои титулата најубаво крајбрежно место, надминувајќи околу 200 конкуренти од целиот континент.
„Но, има нешто што не може да се измери – опуштениот медитерански стил на живот што го негуваме, што го потенцираме и во нашиот слоган: ‘Where life is simple pleasure’ – Место каде што животот е уживање“, истакнува директорот на Туристичката заедница на Конавле, Франо Херендија, за „ХРТ“.
Според „ХРТ“, градот е идеален за сите кои сакаат да избегаат од брзиот ритам на секојдневието и да уживаат во море и богато културно наследство. Родната куќа на големиот хрватски сликар Влахо Буковац е вистинско откритие за посетителите, пренесува „Јутарњи лист“.
фото принтскрин
