Видео: Ова е најскапиот теренец на светот, а е идеја на Кинези
Кинеската компанија Karlamann го креираше најскапото теренско возило на светот вредно неверојатни 3,4 милиони американски долари, и тоа како почетна цена бидејќи со бројните можности за кустомизирање кои ги имаат на располагање идните сопственици во директни преговори со фабриката, цената може значително и да се зголеми.

Теренецот King има форма на дијамант, импресивна шасија со мек финиш и светкави ефекти, покажува значителна моќ и доминација со неговата маска која потсетува на џипот кој го вози суперхеројот Бетмен во филмовите, а располага со огромен луксуз во внатрешноста.
Karlamann King џипот има вградени лаптопи, сателитски системи за навигација, најголем квалитет на интериер, па дури и PlayStation за видео игри и машина за кафе. Неговата промоција се одржа во Дубаи, главниот град на луксузот на светот, а продажбата започнува наскоро по рачното склопување на врвните мајстори од Европа.
