(ВИДЕО) ОВА Е НАЈМАЛИОТ ГРАД ВО ЕВРОПА: Се наоѓа во регионот
Населеното место Хум во Хрватска, важи за најмалиот град во Европа. Ова хрватско гратче има само 30 жители.
Хум првпат се споменува во пишаните извори во 11. и 12. век, кога играл важна улога како феудално упориште. На северот од Истра, на рид опкружен со лозја, шуми и неодолива тишина, Хум не е само куриозитет на мапата, туку автентичен и жив споменик на историјата и традицијата, место каде што минатото се чувствува во секоја улица, камен и секој ѕид, пишува „Јутарњи“.
Необичниот начин на избор на градоначалник особено ги интригира посетителите и историчарите. Секоја година, втората недела во јуни, Хум го избира својот „татко на градот“, според стар обред зачуван во глаголички записи. Гласањето, имено, се спроведува со дрвени стапчиња – и тоа е нешто што не се менува со векови. Хум е искуство, сеќавање и тивка лекција за важноста на корените, дури и кога тие се чуваат во град со само неколку десетици жители.фото принтскрин
Слично
