(ВИДЕО) Ова е хаосот што циклонот Бранко го направи во Србија, во Македонија невреме попладнево!
Нови поплави во Србија и Босна и Херцеговина предизвика циклонот „Бранко“, кој од вчера го зафати регионот. Силните дождови, проследени со ветер и грмотевици го парализираа сообраќајот, а градот Мостар остана без електрична енергија речиси два часа.
Во западна и централна Србија, во повеќе делови се забележани свлечишта и прекин на струјата, а во реонот на Лозница реката Штир се прелеа и ја поплави околината.
Метеоролозите предвидуваат дека регионот ќе биде под влијание на овој циклон уште неколку дена.
http://www.youtube.com/watch?v=uVRXBC1xUAI
Во делови од Македонија исто така врнеше, но со послаб интензитет од она што очекуваа метеоролозите. Од УХМР најавуваат можност за дополнително влошување на временските услови од попладнево.
Според метеоролозите, времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд, а попладне нестабилно со пороен дожд, на места обилен, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Температурата ќе се движи од 20 до 30 степени.
Слично
