Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Осомничениот за убиството во Ѓорче Петров изведен пред суд

(ВИДЕО) Осомничениот за убиството во Ѓорче Петров изведен пред суд
Осомничениот за убиството на матурантот Ангел Петковски, само година дена постариот Насер Е. попладнево беше изведен пред судот во Скопје. Министерството за внатрешни работи покрена кривична пријава против него за убиство, а обвинителството побара да му се одреди мерка притвор. http://www.youtube.com/watch?v=K_8aGWcIsgA Во Ѓорче Петров и попладнево е напнато. Не стивнува револтот и реакциите на граѓаните кои се повикуваат на очевидци дека Насер Е. имал и соработници, кои избегале во правец на Сарај. Жителите на Ѓорче Петров, пријателите и блиските на убиениот Ангел Петковски бараат институциите веднаш да ги пронајдат и казнат сторителите. Матурантот Ангел Петковски беше убиен откако се обидел да ги фати крадците на неговиот велосипед. Успеал да го стигне Насер Е., но тој смртно го прободел со нож. Полицијата уште трага по оружјето.
Слично

Поврзани вести