Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ, УРНАТИ МОСТОВИ: Се судрија и два брода во Грција

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ, УРНАТИ МОСТОВИ: Се судрија и два брода во Грција

Силен циклон донесе обилни дождови и бурни ветрови во Грција во последните два дена. Поплавите носеа сѐ пред себе. Оштетени се многу згради и патишта, а има и срушени мостови. 


Бурниот ветер ги искрши дрвјата, а поради невремето Солун остана во мрак. Во североисточните делови на земјата и на брегот на Егејското Море се забележани ветрови со ураганска сила од 120 км/ч.  Брановите на Егејското Море биле високи и до 10 метри. Се судрија и два брода.

На северот и на истокот од земјата наврнаа од 100 до 200 литри дожд на метар квадратен, а до 400 литри во делови на Халкидики и Родос, предизвикувајќи разорни поплави и порои, објави ЕРТ.


Значи, станува збор за врнежи кои паднале за два дена, а во просек паѓаат во текот на целата зима на овие локации. На некои локации врнело дожд колку што врне во просек за половина година.

Во невремето загинаа тројца луѓе. 

Слично

Поврзани вести