(ВИДЕО) ОПЕРАЦИЈА „ЧЕКАН“: Полицијата објави снимки од апсењето на осомничените лихвари
Министерството за внатрешни работи на својот официјален Јутјуб канал објави видео снимка од акцијата „Чекан“, која се одвиваше во текот на ноќта и утринава.
Во операцијата уапсени беа 15 лица, а осомничени се уште четири - двајца се во странство поради приватни причини, а двајца се во бегство, меѓу кои и организаторот на групата.
Деветнаесетчлената група на возраст од 22 до 54 години, според МВР, изнудувале и вршеле лихва, а потоа ги переле парите. Осомничени се дека на овој начин незаконски присвоиле стотици илјади евра.
https://www.youtube.com/watch?v=2uNvKESc650
Слично
