Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОПАСНА БУРА И НЕВРЕМЕ ВО ЗАГРЕБ: Никој не смее да излегува надвор

(ВИДЕО) ОПАСНА БУРА И НЕВРЕМЕ ВО ЗАГРЕБ: Никој не смее да излегува надвор

Во силно невреме во Загреб на градските улици се повредени две жени, а полицијата ги предупредува граѓаните на отворено да не излегуваат без потреба, пренесуваат од утрово хрватските медиуми.

-Две жени од 61 и 80 години се повредени вечерва близу плоштадот Јелачиќ и на Черномерц како последица на невремето-пишуваат медиумите. 

-Поради силниот ветер кој и во текот на денешниот ден ќе беснее на подрачјето на Загреб и околината, па им се препорачува на граѓаните без потреба да не излегуваат на отворено. Посебно тоа се однесува на повозрасни лица и деца. Им препорачуваме на граѓаните да користат јавен превоз. Исто така ги повикуваме граѓаните да не заминуваат во околните шуми, стои во соопштението на загребската полиција.


Ветрот дувал од околу 70 км/час а ширум градот во понеделник утрово имало многу скршени гранки од стебла и расфрлани канти за ѓубре или дрвени штандови, а на места се оштетени и семаформи, интервенциска служба и пожарникари се на терен.




Видео: „jutarnji.hr“ - Nino Đula, HRT Radio Sljeme / FACEBOOK


Слично

Поврзани вести