(ВИДЕО) Огромни поплави во Атина – водата носи се пред себе!
Силна бура проследена со поројни дождови ја погоди Атина, а снимките од надојдената вода која носи се пред себе низ улиците се шират на социјалните мрежи.
Големи поплави ја погодија Грција од петокот навечер, откако ураганот Гонзало од западна Европа се премести кон Грција. Жртви нема, но има посериозна материјална штета.
Со временските непогоди особено е подготвена периферијата на Атина, Атика. Противпожарните служби добиле повеќе од 850 повици, а возила се блокирани во квартот Илион. во некои делови од земјата се прекинати и железничките линии, а многу возови доцнат.
Заради силниот ветер, голем број бродови останаа засидрени во пристаништето Пиреја. Силниот ветер уриваше стебла и електрични столбови, а го погоди и Солун. Невремето ги зафати сите покраини на Грција, но и островите, а особено Родос.
http://www.youtube.com/watch?v=HWdpeBtOegM
Слично
