Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Офталмологот Ставриќ уапсен заради поткуп за инвалидска пензија

(ВИДЕО) Офталмологот Ставриќ уапсен заради поткуп за инвалидска пензија
Очниот лекар Дејан Ставриќ е обвинет за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, објави МВР. Според полициските информации, Ставриќ при медицински преглед на Клиниката за очни болести – Скопје дијагностицирал болест на очите кај еден пациент и му ветил дека за 2.000 евра може да му среди за инвалидска пензија. Пациентот во април пријавил во полиција дека лекарот му бара поткуп, по што МВР и Јавното обвинителство ги презеле потребните мерки и активности за обезбедување на докази и документирање на кривичното дело. На 5-ти мај бил остварен телефонски контакт меѓу оштетениот граѓанин и Ставриќ, при што се договориле да се сретнат наредниот ден во угостителски објект во Скопје кај меѓународната автобуска станица каде парите требало да бидат предадени, за извршување на службените дејствија и посредување во правото за остварување на инвалидска пензија. „На 06.05.2014 година, осомничениот ги примил претходно криминалистичко-технички обработените пари во износ од 2000 евра и по претходно превземени оперативно тактички мерки од страна на полициските службеници, истиот е лишен од слобода и приведен е во полициска станица. При личниот претрес кој бил извршен парите се пронајдени, а исто така пронајдена е и друга медицинска документација, за која треба дополнително да се утврди дали е поврзана со други постапки за стекнување на право за користење на пензии“, стои во соопштението од МВР, каде се наведува дека против лекарот ќе биде поднесена кривична пријава. МВР денеска објави и видео од апсењето на Ставриќ, лекарот познат во јавноста како поранешен претседател на Независниот синдикат на Клинички центри и организатор на лекарскиот штрајк против проектот „Плаќање по учинок“. http://www.youtube.com/watch?v=xROAO3WCHiY
Слично

Поврзани вести