(ВИДЕО) Офицерот кој го пронајде 3-годишниот Ајлан на брегот: Се молев на Господ да е жив
Турскиот полицаец, кој го пронајде телото на 3-годишниот Ајлан на брегот на Егејското Море, прозборе и раскажа пред турските медиуми дека се е молел на Алах момченцето да е живо.
Мајор Мехмет Чиплак раскажал дека се распаднал психички кога сфатил дека момчето е мртво.
„Си велев, Господи, те молам да е живо“ кога се приближував до детето. Се исплашив, барав знаци за живот. Не најдов никакви. Ме заболе срцето“.
И покрај 18-годишното искуство како истражувач на несреќи Чиплак раскажал дека се почувствувал немоќен пред смртта: „Пред сè, јас сум човек. Јас сум татко на 6-годишно момче. Јас мислев на својот син во моментот во кој го видов мртвото тело на Ајлан и се поставив на местото на неговиот татко“.
Додека го вадеше телото на детето, полицаецот гледал дека тоа не глуми, но не помислуваше дека фотографиите ќе го заобиколат светот и ќе предизвикаат толку големи реакции.
„Прашајте ме - Како успеав да го пренесам овој тежок товар во рацете?“ Нема одговор на ова прашање“, додал тој.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/aXT_NyP8x7s[/embed]