Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео од трамвајска несреќа во Белград: Сведоци раскажаа ужасни глетки

Видео од трамвајска несреќа во Белград: Сведоци раскажаа ужасни глетки

Во тешка несреќа која нешто после осум часот утрово се случила во Ресавска улица кога трамвај излетал од шините, настрадал еден пешак, а шестмина се повредени. Како што пренесуваат српски медиуми, повикувајќи се на изјави од очевидци од лице место, во моментот на несреќата, се слушнал силен татнеж.

-Слушнавме татнеж како да се урива се во улицата, истрќав веднаш зад пекарата и видов облак од прашина и како паѓаат гранки - вели жена која прва им притрчала во помош на повредените.

-Кога дојдов до трамвајот, видов момче како лежи покрај ѕидот. Ногата му беше искината, и на лице место бил мртов - раскажува видно потресена работничка од пекарата.

Со тешки повреди опасни по живот се добиле возачот на трамвај, и возачот на автомобил. Останатите имаат полесни повреди.

Како што се дознава, до несреќата дошло кога трамвај се забил во автомобил, излетал од шините и удрил во зграда.

Видеото погледнете го тука.



Фото: Телеграф

Слично

Поврзани вести