Видео од терористите што го нападнаа Куманово!
Нa својот канал на сервисот Јутјуб, министерството за внатрешни работи објави видео од терористичка група во Куманово.
Убиени се 14 терористи во полициската акција во Куманово, а 8 македонски полицајци загинаа во акцијата, реферираше во МВР портпаролот Иво Котевски.
Според Котевски полицијата се соочила со најопасна терористичка група, која некогаш воопшто дејствувала во регионот.
За голем дел од оваа група имало распишано и меѓународни потерници за извршени кривични дела. Лидери групата била петмина косовски државјани.
Тројца од водачите на бандата се предале.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=_p9Vd0GJppo[/embed]
Слично
