Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО ОД АПСЕЊЕТО ВО ИСТАНБУЛ, уапсена жената која ја остави торбата, меѓу осомничените уште 22 лица

ВИДЕО ОД АПСЕЊЕТО ВО ИСТАНБУЛ, уапсена жената која ја остави торбата, меѓу осомничените уште 22 лица

Турските медиуми објавија видеа и фотографии од жената осомничена за бомбашкиот напад во кој вчера загинаа шест лица, додека 81 лице беа ранети.

На нив се гледа и жена во виолетов дуксер, за која се верува дека го активирала експлозивот во строгиот центар на Истанбул.

Уште 22 лица се осомничени и уапсени во текот на ноќта и рано утринава.

Апсењето го потврди турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, кој изјави дека меѓу нив е и една жена која е идентификувана како главен извршител на нападот на авенијата Истиклал вчера.

Експлозијата се случи во 16:20 часот по локално време на авенијата Истиклал, една од најпрометните во Истанбул. Во секое време од годината оваа улица е полна со туристи и локални жители, што било случај и во моментот на експлозијата.

Тоа се случило ненадејно, а видеата кои подоцна биле споделени на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога се слушнала силна детонација, по што избило стампедо на улиците.



Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган веднаш по нападот се обрати до јавноста и рече дека „предавниците ќе бидат казнети“.

Тој додаде дека иако се уште не може со сигурност да каже дека зад нападот стои тероризам, но според информациите со кои располага, се така „мириса“. Покрај тоа, веднаш означил жена како сомнително лице.

View this post on Instagram

A post shared by CNN TÜRK (@cnnturk)





Фото: Принскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести