(ВИДЕО) Очајни обиди на деца да останат кај баба им: Социјалните работници немилосрдни
Се уште не стивнува бурата во српската јавност откако во јавност излезе видео на кое се гледа третманот кои работниците од Центарот за социјална работа го имаат кон деца од семејството Дачевиќ во српско Блаце.
Семејството Дачевиќ живее во тешки услови и според претходните извештаи во медиумите, девојчето М.Д. (10) и момчето М.Д. (13) една година се грижеле за неподвижна баба чија нога била ампутирана поради гангрена. Нивната мајка починала пред една година, а таткото ги оставил. Тие живеат од социјална помош која изнесува само 8.000 динари и од помош на хумани луѓе.
Во петокот по 15 часот работниците од Центарот за социјална работа дошле да ги земат децата. Ги влечеле, а момчето останало со модринка на раката. Ја скршиле вратата од бањата кога тој се обидел да се скрие од нив, викале по бабата која е инвалид и го обвиниле соседот каде девојчето избегало за да го крие.
Денеска се појави уште едно видео, кое го покажува целосното однесување на работниците во овој случај, но исто така и дека луѓето, кои се најдоа на самото место. Се апелира да спречат малтретирање на момчето.
Како што може да се види на видеото, соседите дошле пред куќата на ова семејство, а еден од нив бил крајно потресен од сè што се случувало.
- Децата имаат трауми, тие доаѓаат кај мене секој ден. Тие имаат трауми од социјалните служби. Те молам, не ги води. Не дозволувај да се случи - рече низ солзи соседот.
Министерката Дарија Кисич Тепавчевиќ рече дека ќе се утврдува одговорност.
Видеото кое беше објавено вчера е вознемирувачко и веќе не може да се најде
