Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОЧАЈ ВО БОСНА: Работниците си ископале гробови во кругот на фабрика

(ВИДЕО) ОЧАЈ ВО БОСНА: Работниците си ископале гробови во кругот на фабрика

Работниците во фирмата „Тузла Кварц“, кои 13 дена штрајкуваат, од очај во кругот на фабриката си ископале гробови, а за утре најавуваат дека ќе се заклучат во просториите на фабриката и никој нема да пуштаат таму.

tuzla-kvarc-1461516991-892951

Нивната здравствена состојба е сериозно нарушена. Итна помош интервенира но штрјакувачите одбиваат да влезат во УКЦ Тузла бидејќи немаат пари за да ги платат здравствените услуги.

„Жалосен а во исто време и срамен е фактот, дека за сите овие денови колку се во штрајк работниците на „Тузла Кварц“ не ги посетил никој од челниците на Градот Тузла, ниту од претставниците на законодавната и извршна власт, па работницте со право се прашуваат, чии се тие всушност граѓани?“ се наведува во соопштението на Синдикатот за солидарност.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/aDFuUnPRVvg[/embed]

Владата на Тузланскиот кантон, како што се наведува им ги одзела концесиите за експлоатација бидејќи против фирмата е покренато обвинение за кражба на песок и поради тоа се одлучиле на штрајк со глад. Работниците и управата тврдат дека проблемите настанале бидејќи го пријавиле поранешниот помошник на ресорното министерство Бахри Имамовиќ за мито и корупција кој е уапсен и против кој се води судска постапка. Работниците го повикале обвинителството да ја работи својата работа, а на нив да им се овозможи  да ја работат својата.

Слично

Поврзани вести