Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Објавени разговори на руските комичари со Харадинај

(ВИДЕО) Објавени разговори на руските комичари со Харадинај

Русите го објавија и мајтапењето на пранкерите со косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

Во јавноста се појавија и разговорите на Харадинај со руските комичари.

Со Харадинај пранкерите муабетеле во јануари и во април.

Во телефонски разговор објавен на Јутјуб, Харадинај ветува поддршка за Петро Порошенко и вели дека ќе се моли за него на сите избори, пренесува Газета Експрес.

„Мислам дека по победата, јас ќе го признам Косово како независна држава“ – рекол „Порошенко“.

Медиумот пренесува дека руските комичари муабетеле и со премиерот на нашата држава, Зоран Заев кој кажал дека тој им го дал бројот од Харадинај на пранкерите.

Претходно, руските комичари ги измамиле францускиот претседател Емануел Макрон, како и со Борис Џонсон, Жан Клод Јункер, Ники Хејли, Гуаидо, неколку американски гувернери и конгресмени.


Слично

Поврзани вести