(ВИДЕО) Нуркачи спасија момче од надојдена река во Бугарија
Момче на возраст од 17 години е спасено од надојдена река во Бугарија.
Спасувачки нуркачи, пожарникари и полицајци во Бугарија спасија 17-годишно момче што денеска влегло во надојдената река Јантра кај селото Шемшево, во областа Велико Трново, во момент кога регионот се справува со последиците од силното невреме и со поплавите, јавуваат бугарските медиуми.
Наврнаа над 80 литри на квадратен метар за кратко време. Вонредна состојба е прогласена во регионите на Велико Трново, Габрово, Горна Орјаховица и Драјново. Во Килифарево се измерени дури 125 литри дожд на метар квадратен. Јужниот влез во градот кон Русе исто така е затворен.
Во Севлиево започна евакуација на населението од улицата „Крајбрежна“ и околните улици, откако водата навлегла во урбаните делови на градот.фото принтскрин
Слично
