Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Новите поплави во Србија ја однесоа првата жртва

(ВИДЕО) Новите поплави во Србија ја однесоа првата жртва
Една постара жена е првата жртва на поплавите во Кладово, а 370 луѓе се евакуирани од оваа српска општина. Евакуацијата во дел од населените места и натаму продолжува. Непроодни се сите патни правци кои водат кон Кладово, а водата е навлезена и во помошните простории на Хидроелектраната „Ѓердап 2“ и постои опaсност за прекин на нејзината работа. Надојдената вода урнала два моста од планината Мироч, кои водат кон Кладово, со што овој град е практично отсечен. На целата територија на Кладово, Неготин Краина и Мајданпек е прогласена вонредна состојба. Чести и поројни дождови и натаму го отежнуваат сообраќајот во овој регион и предизвикуваат дополнителен раст на водостојот. http://www.youtube.com/watch?v=QppIqK5Mfvk
Слично

Поврзани вести