(ВИДЕО) Нови протести има во Србија под мотото „Не сме вреќи за удирање“
Нови протести има вечерва во Србија под мотото „Не сме вреќи за удирање“.
Настаните се одржуваат во сите поголеми градови, вклучувајќи Белград, Нови Сад, Ваљево и Ниш.
Во Белград, протестот започна во 20 часот, со локации објавени од студентите: Генералштаб, кружниот тек кај Општина Нови Белград, Земјоделскиот факултет и Автокоманда. Командантот на полицијата Радослав Репац ги предупреди демонстрантите во улицата Немањина да ги остават палките и штанглите, истовремено додавајќи дека полицијата нема да интервенира доколку не биде нападната.
Дел од демонстрантите од Нови Белград соборија контејнери пред полицискиот кордон во Немањина, додека поддржувачи на Српската напредна странка се повлекоа во своите простории.
Слично
