(ВИДЕО) НОВА БРУТАЛНОСТ НА ИСИС: Џихадистите обезглавија руски шпион
Исламската држава објави ново видео на кое обезглавува човек што им се придружил на џихадистите, но се покажало дека руски шпион.
„Ова е нов удар за Владимир Путин и Русија и обид за заплашување на народот”, пренесува Си-Ен-Ен.
Додека жртвата на ИСИС стои на колена во позната портокалова униформа, неговиот убиец зборува за воздушните напади на Путин и вели дека тоа ги направило терористите „уште посилни и поодлучни”.
Џелатот се заканува дека битката штотуку почнала и дека ИСИС нема намера да прекини со своите терористички напади.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/8UlH4Bvzyb8[/embed]
Слично
