(ВИДЕО) Нов Зеланд – најдобро место за живот. Каде е Македонија?
Нов Зеланд е местото кое прави најголем социјален напредок и им нуди најдобри услови за живот на своите граѓани, покажа испитувањето на Social Progress Imperative.
Во анкетата се рангирани вкупно 132 земји од целиот свет, а Македонија е на 49 - тото место. За земјава се оценува дека нуди подобри услови за живот од оние во Турција, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Романија, а полоши отколку во Србија, Албанија и Бугарија.
Индексот за социјален напредок, врз основа на кој е направена ранг-листата, во основа мери 50 различни критериуми - достапност до образование, квалитет на живот, достапност до храна и медицинска заштита, пристап до питка вода, хигиена, чиста животна средина, загаденост на воздухот, но и толеранција, почитување на основни права и на правото на избор.
Како се рангираат земјите според овој индекс, повеќе во видеото:
http://www.youtube.com/watch?v=UsQkAjR4P_0#t=88
Слично
