Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Нов напад во Турција, убиени војници

ВИДЕО: Нов напад во Турција, убиени војници

Девет турски војници загинаа, а 11 се ранети денеска во напад со автомобил бомба врз полициска станица во округот Хакари во југоисточна Турција. 

Нападот се случил утрово пред полициска станица, која се наоѓа на 20 километри од градот Шемдинли. При експлозијата се формирала и огромна дупка со широчина од 10 до 15 метри и длабочина од околу 7 метри.

Телевизијата НТВ објави дека нападот бил извршен од борци на Курдската работничка партија.

Силите за безбедност почнаа масовна антитерористичка операција со учество на воено воздухопловните сили.  



Слично

Поврзани вести