Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Носеле мигранти од Грција преку Македонија, уапсени шестмина

(ВИДЕО) Носеле мигранти од Грција преку Македонија, уапсени шестмина
Полицијата уапси шест лица, кои преку организиран меѓународен канал подолг временски период криумчареле мигранти од соседна Грција преку Македонија кон Србија, информираше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Во кривичното дело им помагал и полициски службеник, вработен во Секторот за гранична контрола во регионалниот центар „Југ“, на граничниот премин Богородица. Тој им помагал откривајќи им ги т.н. „безбедни термини“ за прифаќање и префрлање на мигрантите преку граница. „Организатор на криминалната група е 38-годишно лице од Кавадраци, македонски државјанин, кој заедно со 26-годишен државјанин на Пакистан, барател на азил во Република Македонија,  ја организирале групата кој подолг период се занимавала со криумчарење на мигранти со цел стекнување на противправна имотна корист“, објави Јанкулоска. Останатите лица, сите од Кавадарци, вршеле превоз на мигрантите од граничниот премин Богородица до Србија. Мигрантите најчесто по потекло биле од Сирија, Авганистан, Пакистан, Судан и други змеји од блискиот и далечниот Исток. При акцијата за апсење на криминалната група во возилата со нив биле откриени деветмина мигранти од Авганистан, кои за превозот платиле меѓу 120 и 150 евра. Меѓу нив идентификувани се и три деца на возраст од 10, 16 и 17 години. http://www.youtube.com/watch?v=s1-7v9MyQTo
Слично

Поврзани вести