Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НИКОЛОСКИ И ТОМАС СТАВИЈА ПОТПИС: Македонија и Британија и официјално склучија Договор за стратешко партнерство - што ќе донесе тоа во пракса?

(ВИДЕО) НИКОЛОСКИ И ТОМАС СТАВИЈА ПОТПИС: Македонија и Британија и официјално склучија Договор за стратешко партнерство - што ќе донесе тоа во пракса?

Maкедонските и британските власти денеска во Лондон го потпишаа Договорот за стратешко партнерство. 

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас го потпишаа историскиот Меѓувладин договор за партнерство за инфраструктура, вреден пет милијарди фунти.

„Веќе се подготвени три приоритетни проекти: брзата железничка врска по Коридорот 10, модернизација на болниците и изградба на нов Медицински факултет. Ќе продолжиме со проекти и во енергетиката и заштитата на животната средина“, рече Николоски. 

Соработката ќе значи не само финансиска поддршка, туку и директен трансфер на експертиза од британската јавна администрација и бизнис секторот.

Томас нагласи дека двете земји се блиски сојузници во рамките на НАТО и ја оцени соработката како значаен чекор напред во економските и билатерални односи.

Македонската Влада го усвои договорот пред два дена, откако премиерот Христијан Мицкоски и британскиот премиер Кир Стармер постигнаа согласност на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана во Албанија. Опозицијата имаше одредени забелешки и бараше детали за што ќе се трошат парите. 

Инаку, „Фајненс тинк“ направи анализа колку ќе изнесува јавниот долг во 2029 година. 
foto X


Слично

Поврзани вести