(ВИДЕО) НИ ПИШТОЛ НЕ ГИ ИСПЛАШИ: Храбри жени во Нови Сад сами се пресметаа со разбојник
Храброст или лудост, ама еден 21-годишен жител на Нови Сад во Србија долго ќе го памети обидот да ограби една продавница затоа што го спречија невооружени жени.
Маскиран и вооружен, арамијата се обидел да ја ограби продавницата во која се наоѓале сопственичката, нејзината сестра и ќерка.
Под присила тој ја одвлекол сопственичката на дуќанот и ја турнал на подот затгоа што се спротивставила на грабежот. Сестрата на сопственичката започнала да се пресметува со него, а тој ја удрил со пиштолот во глава. Гледајќи дека нема да може да ги ограби, тој избегал од продавницата.
Но, по него се пуштила ќерката на сопственичката на дуќанот, која го следела додека на телефон разговарала со полицијата. Во текот на потерата младиот разбојник го фрлил пиштолот, а за неколку минути полицијата го пресретнала и го уапсила.
Се покажало дека ќерката го познала разбојникот иако бил маскиран, бидејќи живеел во истиот крај. Кога го идентификувала тој го признал делото, а освен тоа на ушите му биле пронајдени траги од хируршката маска со која го криел лицето.
Иако ова не е првпат граѓани да даваат отпор на разбојници, експертите за безбедност ваквиот потег не го препорачуваат. Како што велат, материјалната штета во вакви грабежи е минимална и ја покрива осигурувањето, а реакцијата може да ја влоши ситуацијата, па дури и да доведе до загуба на човечки живот!
http://www.youtube.com/watch?v=8TiFTGWOk-k
http://www.youtube.com/watch?v=xSyDfTTcIQ0
Слично
