Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА: Летаа столици, реклами, тенди

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА: Летаа столици, реклами, тенди

Невреме со силен ветер и дожд ги зафати Словенија и Хрватска. 

Невремето прво го погоди јужниот дел на Словенија, а потоа и останатите делови од земјата, по што се прошири и во Хрватска. 

Ветрот, на одделни места, корнеше дрвја, поради што беа затворени некои патишта, а имаше и одрони. 

Во Крањ ветрот го откорна покривот на една куќа, кој потоа падна врз паркиран автомобил.

Во Марибор силниот ветер ги кршеше дрвјата и предизвика помала материјална штета.

Државните служби очекуваат во текот на денот да бидат отстранети сите дефекти.

„Јутарњи лист“ го објави предупредувањето на хрватскиот метеоролошки завод дека поради невремето се можни и поплави.


Невремето прво ги зафати Загорје и Истра, а потоа се прошири и на Кварнер. Посебно драматично било во Новиград, каде облаците целосно го помрачиле небото. 

Во Пореч невремето траело само неколку минути, но летале реклами, столици, олуци, маси, тенди и чадори од плажите.  


Слично

Поврзани вести