Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО ИСТАНБУЛ: Плоштадот Таксим и улиците се поплавени

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО ИСТАНБУЛ: Плоштадот Таксим и улиците се поплавени

Силнo невреме го зафати вчера турскиот град Истанбул, предизвикувајќи поројни дождови со град и грмотевици. 

Поплавени се и трамвајските линии од периферијата на градот кон центарот. Во прекин бил и сообраќајот во метрото.

Плоштадот Таксим и околните улици се поплавени, а силниот ветер ги занесувал автомобилите.

Трговскиот центар на Истанбул, „Еминонју“, на брегот на Босфор, исто така, е под вода. Просторот пред Египетскиот пазар е поплавен, а надојдената вода го достигна морското ниво.

Невремето траело околу еден час, по што комунални екипи ги расчистуваат улиците и се обновува сообраќајот во градот.


Слично

Поврзани вести