(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО ЦРНА ГОРА: Многу автомобили останаа затрупани со земја
Силно невреме го погоди Которскиот Залив синоќа и предизвика штети во областа околу градот Херцег Нови.
Цела ноќ немаше сон ниту за угостителите, ниту за туристите. Ветерот кинеше јажиња за алишта, ги однесе лежалките од плажите и од кафулињата, а градот оштети покриви на објекти, па набрзо сè прокисна откако водата навлезе во внатрешноста.
„Не беше нормално, толку создаде бучава, а денот беше вистинско лето. Потоа вечерта вистинска катастрофа“, вели еден од туристите што се нашле во Ѓеновиќи.
Многу автомобили паркирани покрај патот, речиси пропаднаа до половина во земјата, бидејќи дождот донесе многу песок и вода. Невреме имаше и во Дуборвник во Хрватска, а попладнево невреме зафати и делови од Македонија.
Слично
