Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО АЛБАНИЈА: Загинаa еден електричар и еден рибар

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО АЛБАНИЈА: Загинаa еден електричар и еден рибар

Две лица загинаа во невремето во Албанија.

Електричар на државната електро-енергетска компанија загина при интервенција во три часот по полноќ, кога паднал од столб во Химаре, откако му се скинал безбедносниот појас. Втората жртва е рибар во Ксамил, кој го дочекал невремето во немирното море. Ветерот го превртил неговиот чамец, а неговото тело е пронајдено утрово.

Невремето направи и материјална штета. Силните ветрови откорнале десетици дрвја во Саранда кои оштетиле неколку возила, а три лица побарале медицинска помош поради повреди од скрешни стакла и гранки од дрвја.

Проблеми по невремето се забележани и во Либражда, каде некои подрачја и натаму се без електрична енергија.

Во Македонија 33 луѓе со повреди завршија во болница. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести