Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Пореч е под вода, а во Словенија падна снег

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Пореч е под вода, а во Словенија падна снег

Невреме ја зафати Хрватска, а има на снег и на планините во Словенија.

Невремето ги погоди  Истра и северниот Јадран во Хрватска. Наврнале над 80 литри дожд на метар квадратен до 14 часот, а најмногу дожд наврнал во Ровињ – 106 литри. Пореч е под вода, а на Платак паднал снег.

Во пошироката област на Загреб може да наврнат од 20 до 40 литри дожд на метар квадратен, од 25 до 45 во областа Карловац.

Метеоролозите најавуваат и грмежи, особено во Сплит и Риека.

Снег падна и на Крањска Гора, познат ски-центар во Словенија.


Слично

Поврзани вести