ВИДЕО Невреме на Балканот
Слично како во Скопје, и некои градови во Хрватска и Србија беа зафатени со невреме.
Во Загреб искршени се повеќе дрвја, а на одредени места паѓал и град со големина на лешник. за неколку минути дождот поплавил повеќе улици, заради што сообраќајот се одвивал отежнато.
Противпожарната служба извршила 70 интервенции, главно во поплавени подруми или отстранување дрвја од сообраќајниците.
Во Крагуевац за еден час паднале 50 литри дожд на квадратен метар, а ветрот дуваше со брзина од 60 километри на час. Некои улици во градот беа поплавени, за што сведочи следново ВИДЕО.
Град со големина на лешник го зафати и регионот на Чачак и засега нема информации за предизвикани штети кај земјоделските култури.
Слично
