(ВИДЕО) Невреме го погоди Солун, но и други делови од Грција
Силно невреме го зафати грчкиот град Солун, при што сообраќајот беше блокиран.
Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат водата да влезе во објектите. На улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, објави грчкиот портал „Вориа“. Големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Поројни дождови имаше и во Бугарија.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Слично
