(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Македонец загина кај Кукуш!
Македонски државјанин со совоето возило падна во голема провалија во близина на Кукуш. Тој им подлегнал на повредите здобиени во несреќата, јавија грчките медиуми.
Грчките спасувачки служби го извлекле телото на Македонецот од провалијата откако негов пријател го пријавил за исчезнат.
Се претпоставува дека во автомобилот со него имало уште еден македонски државјанин, чија судбина се уште е неизвесна. Тие излетале од патот кај месноста Бели ридови, најверојатно поради силното невреме, условите и слабата видливост на автопатот.
Истрагата за несреќата и натаму трае.
https://www.youtube.com/watch?v=84QvCctWrLk
Слично
