Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Немири во Тирана, за Сали Бериша „Отворен Балкан“ е ѓаволски проект

(ВИДЕО) Немири во Тирана, за Сали Бериша „Отворен Балкан“ е ѓаволски проект

Поранешниот албански претседател Сали Бериша на протестот во Тирана изјавил дека целта на „Отворен Балкан“ е воспоставување на „српска хегемонија“.

„Денеска овде протестираат сите граѓани на Македонија, Косово, Босна, кои во ѓаволскиот проект гледаат обид на авантуристи да ја заменат берлинската иницијатива. Прочитајте го писмото што го испратија до Брисел. Никаде не станува збор за суверени народи, туку за народи во стариот југословенски концепт. Овој проект има за цел да воспостави српска хегемонија во регионот. Историјата докажа дека еден од најголемите неуспеси на Балканот, Европа и светот беше идејата за српска хегемонија на нашиот полуостров“, изјавил Бериша, пренесува ТВ Клан.

Албанскиот премиер Еди Рама го осуди палењето на српските знамиња како и изјавите на Бериша, тврдејќи дека треба да им биде срам на сите кои денеска протестираа на улиците во Тирана.

„Нека се срамат тие што го направија ова, а не јас и мојата влада, кои имаат поддршка од Албанците да работат, да се развиваат, да не ги трпат последиците на старата албанска политика“, вели  Рама.

Рама одлучи самитот на иницијативата „Отворен Балкан“ да се одржи во Елбасан, наместо во Тирана. 


Слично

Поврзани вести