Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Немири во Подгорица – 20 приведени граѓани, 9 повредени полицајци

(ВИДЕО) Немири во Подгорица – 20 приведени граѓани, 9 повредени полицајци
Деветмина црногорски полицајци се повредени во протестите кои беа организирани денеска во Подгорица, преку Фејсбук групата „Револуција во Црна Гора. Сите на улица“. Вкупно 20 лица се уапсени по судирот на полицијата и демонстрантите.
„Тие лица, меѓу кои има 16 полнолетни и 4 малолетници, се под сомнение дека дрско и агресивно се однесувале, физички напаѓале полициски службеници, ги гаѓале со камења, го нарушувале јавниот ред и мир и го загрозувале безбедното одвивање на сообраќајот. Од повредените деветмина полицајци, еден е потешко, а 8 се полесно повредени“, соопштија од Управата на црногорската полиција.
Полицајците при судирот со демонстрантите користеле физичка сила, палки и солзавец. Протестите во Црна Гора беа организирани во знак на поддршка на социјалните немири во Босна и Херцеговина, но и со барање за оставка од црногорската Влада. Собирот под мото „Арамии, симнете се од власт!“ не бил пријавен во полиција.
„Дваесет години живееме во мрак и сметаме дека е време за радикални промени. Ние сме против „способната“ власт и неспособната опозиција“, рекле иницијаторите во најавата за протестот.
околу 300 луѓе се одзваа на овој повик. Еве како беше на улиците на подгорица денеска: http://www.youtube.com/watch?v=yCmBlAs9XxY Се протестираше и во Хрватска, но таму демонстрациите беа со многу послаб интензитет. Околу 150 луѓе се собраа на протестот во Загреб, а 12 биле уапсени заради напади врз полициски службеници.  
Слично

Поврзани вести