Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Немири во Црна Гора, полицијата го чуваше Абазовиќ да не го нападнат демонстранти

(ВИДЕО) Немири во Црна Гора, полицијата го чуваше Абазовиќ да не го нападнат демонстранти

Во Црна Гора синоќа имаше немири. Земјата е во политичка криза. Вицепремиерот и претседател на УРА, Дритан Абазовиќ, се соочи со демонстрантите кои протестираа пред зградата на Радио Телевизија Црна Гора.

Полицајци  го штитеа Абазовиќ од демонстрантите.  Абазовиќ пред приврзаниците на Здраво Кривокапиќ порачал дека нема да има предавства и дека ќе се зачува изборната волја на граѓаните.  Абазовиќ изјави дека има три решенија за кризата во Подгорица. Едно решение е малцинска влада, друго техничка, а третото е да се оди на избори. 

Црногорската здружена опозиција на последните избори тесно го победи фронтот на актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ.

Небојша Медојевиќ, еден од најдобрите познавачи на политичката состојба во Црна Гора открива за врските помеѓу Дритан Абазовиќ и актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ.

„Мило Ѓукановиќ и Дритан Абазовиќ се сретнаа во Дубаи. Отворено се сомневам дека се работи за пари, бидејќи единствениот мотив за тоа што го направи Дритан беа парите. Отворено се сомневам дека се договориле за парите. Имате ситуација кога премиерот го обвини својот внук дека го поддржува нарко картелот и дека му ги дал информациите што меѓународните служби му ги дале на Дритан Абазовиќ за да го заштити нарко кланот, ова е кафе кланот во Црна Гора. А вицепремиерот го обвини премиерот за шверц на цигари, што е и точно, бидејќи близок роднина на премиерот Кривокапиќ е еден од главните дистрибутери на шверц на цигари во претходниот режим“, вели тој. 

Во земјата настана криза откако Абазовиќ поднесе иницијатива за уривање на владата на премиерот Здравко Кривокапиќ, а Кривокапиќ поднесе иницијатива за негова смена.


Слично

Поврзани вести