Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕМИРИ И ВО НОВИ САД: Нападната е полицијата, oбиена е телевизија

(ВИДЕО) НЕМИРИ И ВО НОВИ САД: Нападната е полицијата, oбиена е телевизија

Во неколку српски градови вечерва има немири, поради враќање на рестриктивните мерки. 

Напад се случи врз полицијата во Нови Сад, а обиена е и зградата на РТВ Војводина. 

Неколку илјади граѓани се собраа и во Нови Сад, на плоштадот пред Градската палата, а кон нив се придружија и студенти од домовите во Нови Сад.

Група од пет млади мажи облечени во црно  фрлаа камења и петарди кон полициските патроли.

Премиерка Ана Брнабиќ вечерва изјави дека ова се најнасилните протести досега во земјата, но дека во Србија нема да има насилен преврат и анархија.

„Кризниот штаб утре ќе се состане и ние ќе продолжиме да се бориме против коронавирусот и да ги спасиме здравствените работници и здравјето на луѓето, и ќе победиме“, рече Брнабиќ за ТВ Пинк, повикувајќи ги граѓаните да бидат дисциплинирани.

Вели дека полициски час  уште не е воведен, но дека мора да се борат за здравјето на луѓето и да балансираат заради зачувување на економијата.

Локалните медиуми јавија дека се каменувани и простории на партијата Српска напредна странка (СНС) на претседателот Александар Вучиќ.

Во Белград исто така имаше протест, при што беше нападнат и актерот Сергеј Трифуновиќ. 


Слично

Поврзани вести