Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Небо како од филмовите на стравот: Словенија ја тресеа 20.000 громови

(ВИДЕО) Небо како од филмовите на стравот: Словенија ја тресеа 20.000 громови

Невремето кое во текот на изминатата ноќ удари со сета своја сила предизвика застрашувачка претстава на небото бидејќи за неколку часа над Словенија биле забележани 20.000 громови, што според експертите е вистинска реткост за оваа годишна доба, пренесуваат словенските медиуми.

На Електротехничкиот институт „Milan Vidmar“ и синоќа будно ги следеле случувањата на небото. Невремето кое донесе огромни количини на дожд и поплави се карактеризираше со голем број громови.

„На територијата на Словенија за 10 часа се забележани приближно 20.000 громови. Таква активност некогаш бележиме во текот на летните месеци, но за оваа годишна доба ова е вистинска реткост“, велат експертите од овој институт.

Само во главниот град се поплавени 900 објекти после обилните дождови и надојдените реки во целата држава.

Погледнете како изгледаше поплавената Словенија.

Слично

Поврзани вести